ФАКУЛТАТИВНА НАСТАВА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Добредојдовте на страната на факултативната настава по македонски јазик!
Целта на оваа настава е изучување и зачувување на усниот и писмениот македонски јазик кај македонските деца што живеат во Нов Зеланд.
Наставата ја изведува тим од квалификувани волонтери. Еден наставен циклус трае 6 месеци и започнува со тестирање на пријавените деца заради одредување на нивото на познавање на македонскиот јазик. Децата треба да бидат меѓу 5 и 16 годишна возраст.
По тестирањето, децата се делат на мали групи, а според возраста и нивото на знаење. Наставата се одвива еднаш неделно, а на располагање се работни или викенд денови, во зависност од зафатеноста на децата и родителите.
Првиот наставен циклус започна на 9ти декември 2009 година.
Употребете го образецот за пријавување ако сакате вашето дете да посетува факултативна настава по македонски јазик. Не е потребно да чекате да заврши веќе започнатиот наставен циклус. Доколку се пријават доволен број деца, ќе се формира нова група која ќе започне со нов циклус.
Извештаи од тестирања и одржани часови
Известувања до родителите во врска со наставата
Емилија Јанкулоска
Раководител на одделението Факултативна настава по македонски јазик
Е-пошта: emilija.jankuloska@makedonz.org
Регистрирај Се
Прашајте го тимот на Македонз
Изнајми книга
Новозеландска историја