Прашајте го тимот на Македонз
Регистрирај Се
БИБЛИОТЕКА НА КЛУБОТ „МАКЕДОНЗ“
Драги посетители,
Добредојдовте на страната на Библиотеката на клубот „Македонз“!
Блибиотеката има на располагање над 1000 наслови од најразлични книжевни жанрови. Поголем дел од книгите се на македонски јазик, но имаме и значаен број книги на српскохрватски јазик.
Книгите можете да ги позајмувате на читање бесплатно, со оставање кауција којашто се враќа со враќањето на книгата.
Подолу се наведени правилата на изнајмување на книги, како и информации каде можете да ги подигнете и вратите книгите. Пребарајте го списокот на книги, видете што ве интересира, па пополнете го образецот. Откако нашиот тим ќе ја прими вашата нарачка, книгите ќе бидат резервирани на ваше име додека не ги подигнете.
Oбразец за изнајмување книги
Ви посакуваме пријатна дружба со книгата!
Мирјана Јанушева
Раководител на одделението Библиотеката
Клуб „Македонз“
е-пошта: mirjana.januseva@makedonz.org
Правила на изнајмување на книгите
Податоци на изнајмувачот
Изнајмувачот мора да наведе име, презиме, адреса, фиксен и мобилен телефон, и идентификационен број (од возачка дозвола или пасош)
Рок на изнајмување
Книгите можат да се чуваат најдолго три седмици
Колку книги?
Може да се позајмат до 3 книги наеднаш
Кауција
За секоја книга се остава кауција од $5, којашто се враќа со враќањето на книгата
Барање на книги
Побарувачот на книги треба да го напише референтниот број на секоја книга, нејзиниот наслов и автор
Место за земање и враќање
Книгите ќе се подигаат и враќаат на деновите, термините и локациите каде што ќе се одржува факултативната настава по македонски јазик
Кога да се порачаат
Книгите треба да се порачаат најмалку три дена пред подигањето, а нашиот тим ќе испрати известување по е-пошта на секого поединечно со сите детали, потврда дали е книгата на располагање и времето и местото на подигање и враќање на книгата
Сопственост
Првичниот фонд на книги е сопственост на Михаил и Даринка Јанушеви

Изнајми книга